СДСМ: Наместо зеленило, бетонизација во Лисиче, ВМРО ДПМНЕ ги изневери граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните на општина Аеродром, пред избори им ветуваше едно, а сега добиваат сосема друго, соопшти денеска СДСМ.

Во партиското соопштение се наведува дека граѓаните на Лисиче наместо зеленило добиваат бетонизација, наместо мега паркови – висококатници.

-Со новиот детален урбанистички план на општина Аеродром, ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Тимчо Муцунски во Лисиче планираат изградба на десетина згради високи и до 10 ката. Со него, ниви купени од инвеститори пред носењето на планот, стануваат градежни парцели и тоа во делот на градот, каде аерозагадувањето континуирано урива рекорди, се потенцира во реакцијата.

Се додава дека Деталниот урбанистички план, кој се носи речиси зад грбот на граѓаните, отвора сомневања за корупција за тоа како инвеститорите знаеле кои парцели ќе добијат маркици за висококатници, како знаеле дека општината ќе одобри градежен бум.

-Наместо поквалитетни услови за живот и зеленило, граѓаните добиваат бетонизација и градежен бум. ВМРО-ДПМНЕ се покажа како најнеспособна локална власт досега, наведуваат од СДСМ.

Претходна вестПриведени тројца дилери во Гостивар, пронајден кокаин
Следна вестПо собраќајката во делчевско повредените на домашно лекување