СДСМ: Неприфатливо е барањето за отворање на албанска академија на науките и уметностите

16

МАНУ треба да остане единствена институција во која членуваат реномирани научници од сите етнички заедници. МАНУ исто така треба да биде институција која не смее да се партизира или да се злоупотребува од страна на поединци за дневно политички потреби. Ова е нешто што се случуваше во минатото, соопшти денеска СДСМ.

Најголемата опозициска партија реагира на најавата на коалицијата „Вреди“ дека ќе основа Албанска академија на науките и уметностите.

-Но, она што треба јавноста да го знае е што Мицкоски ветил пред формирањето на Владата во однос на ова барање на „Вреди“? Ова не е прв пат „Вреди“ и нејзините лидери да ја споменуваат албанската академија како проект, но Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ упорно си молчеа. Кои други барања кои се неприфатливи за мнозинството граѓани Мицкоски ги има одмолчано или ги има тајно прифатено? Најголемите патриоти Мицкоски и Димитриевски заради комотна позиција во власта изгледа се првеле глуви на овие барања на „Вреди“, а сега се обидуваат да поентираат со некакво неприфаќање, посочуваат од СДСМ.

Оттаму додаваат дека прашање е само што ќе биде цената за тоа и дали под маса има испорачано друго барање доколу академијата не помине.

Претходна вестВо скопската црква „Света Петка“ се основа параклис посветен на св. Гаврил епископ Велички
Следна вестСашко Кедев се искачи и на Гашербрум II, 11-тиот врв од вкупно 14-те повисоки од 8.000 метри