СДСМ објави документ: Подарениот имот на Јанушев е заверен од адвокатот Панче Тошковски

287

Во иста зграда во центарот на Скопје кадешто е поклонетиот имот на вториот човек во Владата на Мицкоски, Игор Јанушев, има и министерот Панче Тошковски, наведе денеска во ново соопштение СДСМ

Според оваа опозициска партија тоа е крајно сомнително и надлежни институции треба да го истражат целиот случај.

-Поклонетиот имот на Јанушев е заверен од адвокат Панче Тошковски за што постои документ којшто денеска го објавуваме. Навидум ништо спорно, затоа што Тошковски е познат адвокат. Но, дали всушност Тошковски и Јанушев се јавуваат и како инвеститори за заедничка изградбата на истата зграда каде што имаат имоти? Дали се другари по имот или се другари по бизнис?, прашуваат од СДСМ.

Целиот случај со парцелата на којашто се наоѓа зградата во која имаат имот и Тошковски и Јанушев, според опозициската партија, влече корени уште од 2010 година со процес на денационализација и приватизација.

-Прашањето е како од државно земјиште, се приватизира, се менуваат сопственици, па се гради зграда, која на крај завршува со имот на Тошковски и Јанушев. Јавноста очекува одговори, соопшти опозициска партија.

Претходна вестКраток спој ја запалил архивата во кумановскиот суд, пожарот не бил подметнат
Следна вестКампања „Алкохолот е лошсопатник – непијкогавозиш!“