Темен режим Режим на светлина

СДСМ: Одговорноста за високите сметки на струјата е кај Владата на Мицкоски

СДСМ: 18 дена нема одговор за најголемиот нарко-скандал – Како 5 тони дрога помина преку граница? СДСМ: 18 дена нема одговор за најголемиот нарко-скандал – Како 5 тони дрога помина преку граница?

-Мицкоски не може да избега од оговорноста за високите сметки за струја кои се покачени и до 30%.

Високите сметки за струјата не се поради лошото читање на броилата туку поради лошото менаџирање од страна на владата.

Тоа е клучниот проблем, неспособноста на власта која купува скапа струја на пазарот затоа што нема доволно домашно производство, а тоа го плаќаат граѓаните.

Минатата година околу 240 000 мегават часови помалку нашиот домашен систем а се направил увоз од 36 милиони евра на грбот на народот.

Затоа граѓаните плаќаат 30% поголеми сметки за струја“, велат од СДСМ и додаваат:

-Во време на светска енергетска криза, кога мегават час изнесуваше и до 550 евра граѓаните плаќаа помали сметки за струја, за разлика од денеска кога плаќаат повисоки сметки а мега ват час изнесува 120 евра. СДСМ поднесе закон за намалување на сметките на струја на граѓаните но Мицкоски и тоа го одби. Понатаму, во управниот одбор на ЕВН владин претставник е член на ДПМНЕ, Игор Гиевски. Во ЕВН ХОМЕ каде што се пресметуваат сметките е син на поранешен градоначалник на ДПМНЕ, Митревски. Сè е во рацете на ДПМНЕ, а Мицкоски не може да избега од одговорноста. Ова е нивен неуспех, нивна вина и нивна директна штета врз стандардот на граѓаните.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Владата ќе бара репреговарање на договорот за хеликоптерите „Леонардо“

Следна објава

Стојаноски: Благодарение на СДС и ДУИ, „Пуцко петрол“ успевал за една година да го зголеми приходот за 40 проценти