СДСМ: Општина Битола и општина Велес, раководени од ВМРО – ДПМНЕ набавиле машини по астрономски цени

48

Од партијата СДСМ тврдат дека општина Општина Битола и општина Велес набавиле машина за бележење хоризонтална сигнализација по цена неколку пати повисоки од реалната. Тие бараат од надлежното јавно обвинителство да ја истражи аферата на градоначалниците на ВМРО – ДПМНЕ.

– Општина Битола и општина Велес, раководени од ВМРО – ДПМНЕ набавиле машина за бележење хоризонтална сигнализација, по астрономски цени, неколку пати повисоки од реалните. Општина Битола за речиси 50.000 евра набавила машина за бележење хоризонтална сигнализација, а општина Велес купила иста таква машина по цена 40.000 евра повисока од реалната. Од друга страна општина Илинден набавила таква машина по три пати пониска цена од набавките во Велес и Битола, се вели во соопштението на СДСМ.

Претходна вестПожарите на отворено не стивнуваат ниту во зимата
Следна вестОграбена црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во центарот на Скопје