СДСМ: Скопје е пред банкрот, ВМРО-ДПМНЕ да одговори каде се парите?

Град Скопје, како резултат на  неспособноста на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, има долг од три милиони евра, но има и блокирана сметка и се ближи кон целосен банкрот, соопшти денеска СДСМ.

Во партиското соопштение се наведува дека најголемата единица на локалната самоуправа со убедливо најголем буџет од 100 милиони евра,  ВМРО-ДПМНЕ ја доведе до состојба на нефункционалност и пред банкрот.

-Потрошија над 100 милиони евра народни пари и го донесоа Скопје пред банкрот, а банкрот значи целосен распад на системот на Градот. ВМРО-ДПМНЕ денеска на седница на Советот на Град Скопје посветена на актуелната финансиска состојба  да одговори каде се парите, нагласуваат од СДСМ.

Партијата додава дека граѓаните се разочарани од неспособната градска власт на ВМРО-ДПМНЕ кое го има претседателот на Советот, мнозинството во Советот и мнозинството во управните и надзорните одбори на скопските јавни претпријатија.

-Скопје и скопјани не заслужуваат ваква неодговорна градска власт, наведуваат од СДСМ.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски покажа дека е уценет човек
Следна вестШест кандидати во трка за ректор на УКИМ, гласаат 1.419 професори, асистенти и студенти