СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ здружено „за“ одложување на пописот – Алијанса и Алтернатива не попуштаат

Деведесет и пет пратеници гласаа за потребата за измени на Законот за попис по скратена постапка, со што пописот кој требаше да започне денеска, се одложува за септември.

„Против“ беа само седум пратеници, веројатно од Алијансата за Албанците и Алтернатива, додека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ гласаа „за“.

Оваа точка е на деневен ред на седницата што ја закажа спикерот Талат Џафери по договорот што го постигнаа Заев и Мицкоски.

Сега за законот треба да расправаат Законодавно – правната и Комисијата за европски прашања, со оглед на тоа што законот е со европско знаме. Комисиската расправа за овој закон може да трае максимум два дена, кога може да се поднесуваат и амандмани, што не е исклучено од Алијанса и Алтернатива кои не се откажуваат од амандмански блокади додека не се изгласа нивниот предлог за државјанства.

По вчерашната средба на Заев со претставниците на овие две партии, беше соопштено дека се на пола пат да постигнат договор за сите проблеми кои доведуваат до блокада на Собранието, Но, денешната седница покажа дека партиите на Села и Гаши не се откажуваат.

Координаторот на оваа пратеничка група Скендер Реџепи кој вчера заедно со Заев даваа изјав по средбата, денеска побара предлог-измените на Законот за попис да се тргнат од дневен ред, затоа што, како што рече, не е консултирана ниту Комисијата за заразни болести, иако образложението е дека пописот се одложува поради ситуациајта со ковид-19. Тој апелираше до владејачката ДУИ да се спротистави на одложување на пописот, за, како што рече, да не се дозволи ситуација како во 2011 година.

На дневен ред на денешната седница се и изменитте на Изборниот законик, исто така дел од договорот на лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна вестМотоциклист тешко повреден во сообраќајка на „Пластичарска“
Следна вест20 отсто од закажаните вчера не се појавиле на вакцинација