СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ Скопје го направи нефункционален град пред банкрот

Само една година беше доволна, ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Данела Арсовска да го направат Град Скопје, нефункционален град пред банкрот, соопшти денеска СДСМ.

Во ставот на оваа партија која делува опозициски во Советот на Град Скопје се наведува дека Арсовска и ВМРО-ДПМЕ не само што не ги продолжија наследените проекти, туку не реализираа ниту еден свој проект.

-Дополнително, јавните претпријатија едвај функционираат, јавниот превоз е во колапс, а потрошија најмалку 100 милиони евра од редовниот Буџет, но и дополнителни 13 милиони евра што претходната градска администрација на СДСМ ги остави во градската каса. Поради неспособноста и расипничкото трошење на народните пари од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска, Град Скопје е со блокирана сметка и се наоѓа пред банкрот. Граѓаните мора да знаат каде завршиле нивните пари, се нагласува во обраќањето.

Во него се додава дека ВМРО-ДПМНЕ бегаат од закажување на вонредна седница на Советот на која треба да се расправа за катастрофалната финансиска состојба во Град Скопје.

-Граѓаните гледаат што значи кога ВМРО-ДПМНЕ ќе добие власт, што значи кога ВМРО-ДПМНЕ добива можност да управува со народни пари, се вели во соопштнеието.

Претходна вестСојуз на средношколци: Да се спроведе новиот модел на работа на училишните психолози – тет-а-тет средби со учениците
Следна вестБугарскиот европарламентарец Јорданов исвиркан откако провоцираше во македонскиот парламент