По бркотница со полиција и судар, полицијата синоќа кај Демир Капија откри 10 мигранти во возило „ауди“.
Синоќа околу 23:20 часот кај Градско во правец кон Гевгелија, полициски службеници се обиделе да запрат патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, кое не застанало, туку ја зголемило брзината. Кај Прждевски надвозник удрило во службеното возило и запрело, а возачот избегал. Во возилото биле пронајдени 10 лица мигранти од Индија.
Извршен е увид од екипа од Полициската станица Неготино и јавен обвинител, а мигрантите се префрлени во Прифатно-транзитниот центар Гевгелија.