На територија на град Скопје изречени се вкупно 251 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 136 санкции, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.
Имало и 20 мерки за возење без возачка дозвола како и 38 мерки за возење под дејство на алкохол.
-Изречени се 12 мерки за нерегистрирани возила, осум санкции за возач почетник, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…, се наведува во информацијата.
Засилените акциски контроли продолжуваат.
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од полицијата.



