Темен режим Режим на светлина

Се интервенира на подметнати пожари кај Тиквешко Езеро, кажа Јанчев

Се интервенира на подметнати пожари кои зафатија сериозни и тешко достапни локации на Тиквешко езеро, информираше кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, преку неговата Фејсбук страница.

– Се прави се што е во наша моќ за истите целосно да се изгаснат.

Во акцијата се вклучени, 3 БТР, 1 хермелин, 5 пинца, 3 возила на ТППЕ, 1 камион на шумско стопанство, 30 лица на терен, како и 2 авиона за гаснење пожари.

Се соочуваме со два сериозни пожара на непристапни и ризични терени, кои се предизвикани од човечка рака.

Се апелира за совесност и одговорност, бидејќи подметнувањето пожари претставува директна закана за природата, луѓето и материјалните добра, напиша Јанчев на Фејсбук.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Голема акција во тек: Објекти во Струмица и поранешен „Охис“ под контрола на полицијата

Сопруг извршил физичко насилство врз бремената сопруга

Следна објава
Учениците се евакуирани, лажна дојава за бомба во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани

Општина Кочани на 5 септември ќе урива нелегални угостителски објекти во Трговскиот центар