Се надминаа проблемите, автобусите 19 и 20 на „Макекспрес“ повторно ќе возат до Шуто Оризари

Се надминаа проблемите кои предизвикаа приватните автобуси од компанијата „Макекспрес“ со броевите 19 и 20 да не возат кон скопската општина Шуто Оризари. Ова денеска за „Скопско ехо“ го потврдија од компанијата. Се очекува во попладневните часови или од утре изутрина автобусите повторно да почнат да сообраќаат.

-Денеска имавме средба во Градот Скопје на којашто се договоривме за надминувањето на проблемите кои се појавија. Се постигна договорот по кој нашите автобуси повторно ќе почнаат да сообраќаат. Ќе направиме обиди тие да почнат да возат уште во попладневните часови или од утре изутрина, ни изјавија во „Макекспрес“.

Автобуските линии 19 и 20 коишто ги сервизира овој превозник престанаа да сообраќаат од вчера. Причина за тоа е неисплаќањето на средствата коишто треба да ги добиваат од Градот Скопје уште од февруари годинава.

-Сопствениците на автобуси кои сообраќаат на оваа линија едноставно немаат финансиски средства за да работат. Тие ги потрошија сите свои резерви и сега се принудени еден по еден да ги исклучуваат од сообраќај автобусите. Финансиски не можеме да опстанеме, рекоа од „Макекспрес“.

Останати линии коишто ги одржува оваа компанија – 22, 52 и 54, не престанаа да функционираат но и тое беа на крајот од финансиските сили.

Градот Скопје е обврзан да издвои пари од буџетот што ги добива токму од граѓаните за финансирање на градскиот превоз, вклучувајќи ги и овие автобуси. Инаку, од 2016 година во рамките на ЈСП сообраќаат и приватни автобуси. Според тогашната одлука на Советот на Град Скопје, им се плаќа 61 денар за изминат 1 километар

Претходна вестРоди ме мајко к’сметлија, други ќе ме фрлат во управен одбор
Следна вестРСБСП со грижа и за безбедност на децата во сообраќајот