Се најде решението за барањата на синдикатот на Управата за матични книги

Усогласени се барањата околу колективниот договор со Министерството за правда, поради што го откажува денешниот протест, соопшти денеска Независниот синдикат на Управата за водење на матични книги.

Колективниот договор, како што денеска изјавија претставниците на Синдикатот, најдоцна до утре ќе биде доставен до Министерството за финансии од каде очекуваат одговор до понеделник. Во спротивно најавуваат продолжување на протестите пред Министерството за финансии.

– Најдовме заеднички јазик во делот каде ингеренции има Министерството за правда. Прифатени се голем дел од барањата на Синдикатот како што се делот на отпремнина, К-15 во висина од 60 проценти од просечната плата ….. Сите недоразбирања што беа со Министерството за правда се усогласени и колективниот договор во текот на денешниот или најдоцна до утрешниот ден ќе биде доставен до Министерството за финансии, изјави Марјан Ристески, претседател на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија – КСОМ.

Штрајкот во Управата за водење на матични книги продолжува, но од Синдикатот велат дека им се излегува во пресрет на оние граѓани кои итно имаат потреба од документи што ги издава Управата.

Претходна вестСкопјанец загина во сообраќајка во Капиштец
Следна вестРоди ме мајко к’сметлија, други ќе ме фрлат во управен одбор