Се одбележува Меѓународниот ден на музеите

Утре, како и секоја година на овој ден Националната галерија е дел од одбележувањето на 18 Мај – Меѓународен ден на музеите и Европска ноќ на музеите 2019.
По тој повод се случуваат изложби во исто време на три локации: во Мала станица – Малдински Пролетен Салон, во Даут пашин амам – Костадин Танчев Динка и во Чифте амам – Африм Спахиу и Ликовна работилница за деца.