Се огласи и синот на Агим Јонуз, откако денес беше погребан неговиот татко

625

По кратко боледување попладнево во Скопје почина Агим Јонуз, политичкиот аналитичар и поранешен портпарол на Владата. Денес тој беше погребан на гробиштата во Бутел.

Нè напушти татко ми Агим Јонуз.Ви благодарам на сите за пораките и поддршката во овие тешки 10 дена колку што беше во болница, За погребот ќе ве известиме накнадно“, објави на социјалните мрежи неговиот син Аријан.

Претходно имаше информации дека Јонуз е хоспитализиран, но за жал не успеа да ја добие најважната битка во својот живот.

Јонуз беше активен во политичкиот живот во Македонија и беше чест гостин во политичките дебатни емисии на телевизиите.

Роден и пораснат во скопски Чаир, Јонуз секогаш се залагаше за искрен соживот и реален просперитет на Македонија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестРамадани и неговата реторика се опасни, Мицкоски најави дека ќе го разреши после изборите
Следна вестНа Попова Шапка наврнало 55 литри дожд