Се огласија од Општина Центар откако ученичка правела список со закани кон соученици

Во однос на денешната информација во медимите поврзана со список, напишан од ученичка, со закани кон своите соученици, преземени се сите мерки од страна на училиштето, а и МВР постапува во однос на случајот.

Што се однесува до самиот настан, градоначаникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека вчера разговарал со директорката на училиштето, но и со сите директори на основните училишта во Општината.

-Тие веќе од денес преку наставниците интензивно комуницираат со родителите и децата, предупредувајќи ги од последиците од ваквите постапки, кои некои децата ги разбрале како игра или шега.

Очекувам сите наставници, но пред се родителите да разговараат со своите деца и да им укажат колку е опасно да го користат овој немил настан, дури ни на шега, да не прават слични списоци или на кој било начин да си поигруваат со ужасната трагедија.

Како што веќе известив, во најкус рок ќе започнеме нови програми за спречување на насилство во училиштата и нови проекти кои ќе значат побезбедни ученици и поздрава околина за раст и развој.

Уште еднаш апелирам да не се крева паника од овој случај, туку максимално одговорно секој поединец, секој родител или старател да поразговара со своите деца. Мора да укажеме и да ја подигнеме свеста дека со ,,таа тема” нема играње, вели Герасимовски.

Претходна вестПукање во Визбегово попладнево, едно лице повредено
Следна вестПритвор за маж кој ја допирал малолетната ќерка на невенчаната сопруга