Се отвора прва градска биотехнолошка лабораторија во Скопје

Првата градска биотехнолошка лабораторија во Скопје ќе биде отворена денеска во  СУГС „Марија Кири – Склодовска“. На настанот ќе се обратат Армен Григоријан, постојан претставник на УНДП, Патриција Ди Џовани, претставничка на УНИЦЕФ и скопската градоначалничка Данела Арсовска.

Градот Скопје информриа дека со отворањето на оваа биотехнолошка лабораторија од УНДП, УНИЦЕФ и Град Скопје, се формира Национална иницијатива за трансформација на биоотпад и биотехнологии која ќе поттикне иновации и образование.

-Таа ќе инспирира ангажман и активност од различни заедници во земјата за изнаоѓање решенија за заштита на животната средина. Со оваа прва градска лабараторија учениците, студентите и академскиот сектор, како и граѓански сектор, претприемачите, иноваторите, ќе можат да експериментираат со трансформација на биоотпадот како и со биотехнологии како влезна точка во создавањето претприемачки можности за позелена иднина, се наведува во соопштението.

Претходна вестСе замрзнуваат цените: Тестенините поевтини за 10 проценти, за млечните производи се чека на производителите
Следна вестМасакар во седиштето на Јеховините сведоци во Хамбург, убиени неколку лица