Се појави одрон на патот Скопје – Велес

Се појави одрон на патниот правец Скопје-Велес после наплатната рампа Сопот. За настанатата состојба известени се ЈП за одржување на регионалните и магистралните патни правци и истите известија дека ќе пратат екипа за да се санира одронот, велат од Центарот за управување со кризи.

Пред извесно време исто така на овој патен правец имаше одрон, по што сообраќајот се одвиваше отежнато.

Претходна вестСпасовски: Во изминативе денови нема дојави за бомби низ училиштата
Следна вестПрв триумф за тандемот Ивановски – Бугариќ на турнирот во Скопје