Се полни буџетот: До сега 26.882 граѓани казнети за неносење заштитни маски

Од почетокот на обврската до сега во Македонија се казнети вкупно 26.882 граѓани заради неносење на заштитна маска, соопшти МВР. Само во текот на изминатово деноноќие санкционирани се 432 лица со казна која изнесува 20 евра во денарска противвредност.

-На територијата на целата држава на вкупно 788 лица им се издадени решенија за изолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што не се евидентирани лица кои не ги почитувале овие мерки, информира МВР.

Оттаму апелираа сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот.

Претходна вестКазнети 432 лица, не носеле заштитна маска
Следна вестСамо во Глумово, Шишево и Сарај ли некој пие „гага“ вода?