Се потешки последици од Ковид-19: Петмина починати и 884 новозаболени

Во последните 24 часа се направени се 1.866 тестови, а регистрирани се 884 случаи со Ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство. Од нив во Скопје се 359, Битола – 65, Куманово и Прилеп по 46, Кавадарци – 44, Велес – 41, Охрид – 37, Тетово – 35, Струмица – 26, Штип – 25, Гостивар – 21, Струга – 20, Радовиш – 17, Кичево – 14, Неготино – 13, Гевгелија – 11, Ресен – 10, Дебар – 9, Кочани – 8, Крива Паланка – 7, Крушево – 6, Кратово – 5, Валандово – 4, Берово и Демир Хисар по 3, Виница, Богданци, Македонски Брод и Дојран по 2, Пехчево – 1.

Од вкупниот број позитивни (884), регистрирани се 190 реинфекции. Регистрирани се 745 оздравени пациенти.

-Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице од Скопје (77) во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин регистрирани се 4 починати лица, по едно од Струмица, Штип, Кочани и во Гостивар. Од пријавените тројца се починати во болнички, а едно лице во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во периодот од 29.06 до 25.07.2022 година, се наведува во информацијата.

Бројот на оздравени пациенти е 311.760, на починати е 9.368, а бројот на активни случаи изнесува 5.026. Во Скопје има 2.231 активни случаи.

Претходна вестПо реакциите во јавноста директорот Настов дообјаснува: Патеката околу лавиринтот ќе биде со тартан
Следна вестШаќири: Не се намалуваат само часовите по македонски јазик, туку и на албански, на турски и на сите останати јазици, тоа е новиот концепт