Се потешки последици од вирусот: 12 пациенти починале, 132 лица се новозаразени

Починале 12 пациенти од вирусот во последните 24 часа во Македонија. Ова пред малку го соопшти министерството за здравство преку Фејсбук.

-Починати се 12 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Штип, двајца пациенти од Тетово, двајца од Струга, еден од Велес и еден пациент од Гостивар, стои во соопштението.

Инаку во последното деноноќие се направени 868 тестирања, а регистрирани се 132 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 57, Куманово 10, Дебар 1, Штип 13, Прилеп 7, Тетово 19, Струга 3, Велес 4, Битола 1, Охрид 5, Кавадарци 1, Гостивар 6, Пробиштип 2, Свети Николе 2 и Ресен 1 лице.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира оздравени 112 пациенти.

Во земјата до сега се направени вкупно 59.633 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

-До сега вкупно заболени се 6.209 лица, излекувани 2.427, умрени 298 и активни 3.484 лица, се наведува во соопштението

Претходна вестСловенија лансира сателит во вселената, а Македонија ќе ја почека изборната кампања
Следна вестЧичко ги малтретирал внукот и внуката, едното дете го врзал за дрво во Градски парк