Се потсетуваме ли доволно на големото дело на Даме Груев?

Македонија низ вековите изнедри многу херои, идеолози и револуционери. Еден од постакнатите такви личности е Даме Груев. На денешен ден тој загина во 1906 година кај беровското село Русиново, во борба против османлиската војска. Денеска е денот кога понагласено треба да се потсетиме на неговото големо дело.

Тој е еден е од основачите на ВМРО во Солун, во 1893 година, и еден од најистакнатите предводници на националноослободителното движење на македонскиот народ на крајот на 19. и почетокот на 20. век. Даме Груев е роден во 1871 год. во с. Смилево во ѕидарско-печалбарско семејство.

Основно училште завршил во родното село, а гимназија во Битола и Солун. Во 1887/1888 година учествувал во големиот бунт на учениците на солунската гимназија, за запирање на бугаризацијата и за настава на македонски народен говор. Во јануари 1888 година, заминува со поголема група од 19 души, меѓу кои Петар Поп Арсов, во Белград. И ако во Солун се бори се бори против бугаризацијата и крева бунт, во Белград го прави истото но овој пат против друга пропаганда. Тој учествува во бунтот против србизација на македонските ученици.

Така почнала неговата борба која траела се до крајот на неговиот животот – за посебноста на македонскиот народ и за неговото ослободување.

За да го оствари сето тоа Даме Груев бил иницијатор за основачката средба на ВМОРО на 23 октомври 1893 година во Солун, а на конститутивниот состанок на 7. I 1894 година Груев станал прв секретар на Централниот Комитет. Свесен дека без културна слобода и издигнување нема ни национално ослободување, од Солун во 1894 година заминал во Штип како главен учител во трикласно училиште. Тука за првпат се сретнал со Гоце Делчев со кого понатаму заедно се борат за подобра иднина на македонскиот народ.

За каков силен и непоколеблив револуционер се работи добволно зборува и еден негов цитат кој го изрекол во разговор со Гоце Делчев околу тоа дали попради провала треба да се одложи Илинденското востание: „Доста е, подобро ужасен крај, отколку ужас без крај!“

Да, Даме Груев со својата чиста и безкомпромисна борба е негација на сите оние кои не негираат односно го негираат постоењето на Македонската нација. Поради тоа е важно постојано да се потсетуваме на неговата херојска смрт и неговото дело кое го прави бесмртен.

Се потсетуваме ли ние сегашните генерации во Македонија доволно на неговото дело? Имаме ли такви лидери денеска?

Претходна вестГази Баба добива Зелен катастар
Следна вестСпасовски: Откриен пријавувачот на лажни бомби во Кавадарци