Темен режим Режим на светлина

Се празнува Цветници, вовед во Страдалната седмица пред Велигден

Се празнува Цветници, вовед во Страдалната седмица пред Велигден Се празнува Цветници, вовед во Страдалната седмица пред Велигден

Православните христијани денеска го одбележуваат големиот празник Цветници, познат и како Цветоносна недела или Врбица, кој се празнува една недела пред Велигден и претставува вовед во Страдалната седмица.

Празникот е посветен на свеченото влегување на Исус Христос во Ерусалим, кога народот го пречекал со цвеќе, врбови и маслинови гранчиња, постилајќи ги пред него како знак на почит и признание. Според христијанското предание, Христос влегол во градот качен на магаре – симбол на мирот и понизноста, за разлика од коњот кој се поврзувал со војна. Овој чин се смета за исполнување на пророштвата и најава за неговата жртва и страдање што ќе следи.

Во Македонија, празникот е поврзан и со народни обичаи – берење цвеќе, плетење венчиња и украсување на домовите, како симбол на нов живот, надеж и духовно обновување.

Цветници носат силна порака за верата, смирението и љубовта, но и потсетување дека по страдањето доаѓа воскресението – централната порака на Велигден.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Пијан шофер влетал во толпа луѓе во американската држава Луизијана, повредени се 15 лица, дел од нив критично

Пијан шофер влетал во толпа луѓе во американската држава Луизијана, повредени се 15 лица, дел од нив критично

Следна објава
Пронајден експлозив со разорна моќ покрај гасна инфраструктура во српската општина Кањижа

Пронајден експлозив со разорна моќ покрај гасна инфраструктура во српската општина Кањижа