Темно Режим Светло Режим

Се преврте комбајн на патот Струмица – Берово, возачот тешко повреден

20-годишник е тешко повреден кога се превртел со комбајнот што го управувал, соопшти полицијата.

Имено вчера во 16.40 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионалниот пат Струмица – Берово, на место викано „Коцева чешма“, Ј.Ц.(20) од село Владимирово, беровско, управувајќи комбајн без регистарски ознаки, изгубил контрола над комбајнот и се превртел надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ј.Ц., констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Претходниот Пост
ОЈО ГОКК: Притвор за тројца осомничени за злосторничко здружување и оружје

Го прашала дали сака да му го чисти станот, откако ја одбил со маж упаднале кај оштетениот и го ограбиле

Следниот Пост

По случајот со мртвороденото бебе, Меџити бара вонреден надзор во болницата во Битола