Се распадна долниот дел од споменикот на Славко Јаневски, ќе се чека ли да се урне?

Распаднат долниот дел од споменикот на познатиот македонски писател Славко Јаневски забележале граѓани вчера попладне во Градскиот парк кај ГТЦ каде што се наоѓа. Четирите плочи во подножјето на споменикот се паднати и искршени. Целосно искршена е и плочата со името и годините на живеењето на овој писател.

-Вчера попладне шетавме со пријатели во паркот кога ја забележавме ова непријатна глетка. Бев шокиран од тоа како изгледа споменикот. Ова е недостојно. Мислам дека не се работи за вандализам туку дека споменикот се распаѓа од неквалитетна градба. Како и да е, мора што побрзо да се поправи за да споменот на писателот биде достоинствено сочуван. Ако не се интервенира, ќе се урне споменикот, ни вели граѓанинот Зоран Таневски кој ни ги отстапи фотографиите.

Оштетувањата на споменикот се забележани уште пред неколку месеци. Тогаш беше падната и искршена една плоча. Но, сега, оштетувањата се прошириле бидејќи никој од надлежните не реагирал.

Претходна вестКакво време дојде, да ти е страв кога на празник ќе запеат
Следна вестЈП „Градски паркинг“: Не е во функција наплаќањето паркинг преку СМС порака