Се срамат ли? Реконструкцијата на автопатот Катланово – Петровец трае со години

Реконструкцијата на автопатската делница од Катланово до Петровец никако да заврши. Поточно, никако да започне откако сопре пред повеќе месеци.

На секој и малку сериозен политичар и функционер кој е одговорен за завршување на оваа работа би му било срам поради ова. Се срамат ли нашиве „буџи“?

По 10 метри дневно да правеа, до сега ќе го направеа патот. Што ли си велат туристи од странство кои редовно одат за Грција? Лани поминале ништо не се правело, оваа година истото – на една лента мора да возат, споро се движат по патот за кој им наплатиле дебела патарина.

Што си велат македонските граѓани за оваа површност и незаинтересираност?

-Не сум изненаден што не работат. Тие едни одрони на патот за Св. Николе ги чистеа цела година. Брзаат само патарини да изградат, ни вели скопјанецот Киро Д.

А работите се запрени кај „евалуацијата на понудите“ на фирмите кои што се пријавиле на тендер за завршувањето на работите што го распишало Јавното претпријатие за државни патишта.

-Објавен е нов тендер за довршување на работите и во моментот се евалуираат понудите, соопштија во јуни за медиумите од ЈПДП.

Оттогаш до сега се поминати повеќе од два месеца и прашање на коешто сега треба да се одговори е зошто вреднувањето на понудите трае толку долго? Односно, уште колку време ќе биде потребно за дефинитивно да се избере новата фирма која ќе го заврши она што е започнато и оставено. А, патем, за завршувањето на тие работи е предвиден период од цела година дена. Тоа значи дека, во најдобар случај, крајот на оваа реконструкција ќе биде по цели три години откако во 2020-та година започнаа работите.

Со тоа, реконструкцијата на 5.179 метри коловоза на десната автопатска делница, на 4.752 метри на левиот коловози и изградба на уште една коловозна лента ќе стане историска. А на какви се проблеми наидуваат возачите не е потребно да се зборува, посебно во овој период на летна турситичка сезона: стеснети и небезбедни влезови, оштетен коловоз, нерамнини… Сето тоа повлекува прашање зошто надлежните не реагираа на време, уште тогаш кога беше јасно дека работите кои биле доверени на фирмата „Бетон“ не се прават со онаа темпо со коешто беше договорено? За ова би требало и да се побара одговорност од оние кои го водат целиот проект за да вакво ваквото искуство веќе да не се повтори.

Претходна вестАвтобуси од Скопје, Тетово и Куманово вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација
Следна вестВМРО ДПМНЕ: Дали наместо јаглен во РЕК Битола се согорува мешавина од јаглен и земја?