Се степаа средношколци во автобус, за среќа нема повредени

Средношколци денеска се степаа во автобус на ЈСП околу 14 часот. Инцидентот се случил во 5-ка, додека автобусот поминувал на булеварот „Теодосиј Гологанов“.
И од ЈСП потврдиле дека нема повредени патници, но од тука натаму случајот го преземало МВР.
Од МВР информираат дека е излезено веднаш на местото на настанот и приведени се дел од учесниците во физичката пресметка.