Темно Режим Светло Режим

Се стесни кругот: Уште 9 наслови останаа во конукренција за „Роман на годината“

По избраните 18, уште една селекција на наслови направи жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2020 година, со што кругот за трка уште повеќе се стесни. Членовите на комисијата одлучија во вториот избор да влезат девет романи кои останаа во конкуренција.

На годинашниот конкурс пристигнаа 41 роман, а жири комисијата во првата селекција одбра 18 наслови. Според пропозициите, насловот на наградениот роман и името на авторот ќе бидат соопштени на прес-конференција на 15 март, петок.

Инаку, наградата „Роман на годината“ ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, годинава ќе биде врачена по 22 пат. Наградата се состои во паричен износ од 150.000 денари, плакета и оригинална статуетка.

Претходниот Пост

Кој ќе го спречи ковид-кластерот во 9-ка,19-ка...?

Следниот Пост
Времето денес — мирно претпладне, пориви на ветерот попладне долж Повардарието

Сончево со највисока февруарска температура до 20 степени