Се судрија мотоцикл и велосипед, тешко повреден мотоциклистот

68

На 27.07.2024 во 18.10 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.,,Климент Охридски“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со битолски регистарски ознаки, управуван од Г.Ч.(48) и велосипед управуван од Љ.А.(75), двајцата од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Г.Ч. констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Претходна вестНајголем успех: Три медали и пофалница за македонските средношколци на 54-тата Меѓународна олимпијада по физика
Следна вестМВР ќе ја проверува работата на Државна лотарија