Почна уредувањето на дворот на црквата „Свети Константин и Елена“ во централното скопско подрачје која што се гради веќе 12 години. Градежните екипи со тешка механизација денеска работеа на расчистувањето на теренот за да подоцна уследи поставување на соодветни елеманти со кои ќе се уреди околината на новиот православен храм.
Се очекува уредувањето да заврши во претстојниот период со што ќе се овозможи тргањето на лимените тараби кои што претставуваа пречка и го нагрдуваа изгледот на просторот на централната градска улица „Македонија“.
Скопска православна епархија во јуни објави повик за давање донации за да се заврши ова нова православна. Тогаш беше соопштено дека се работи на завршна фаза од внатрешното уредување на храмот и дека ќе претстои уредувањето на дворот.