Сè уште трае потрагата по момчето кое исчезна во Преспанското езеро

Повеќе од 20 часа се трага по момчето кое вчера исчезна во Преспанското езеро.

Како што информираа од полицијата, станува збор за 16 годишно момче од Ресен, а инцидентот се случил во туристичката населба „Претор“.

Момчето било со уште двајца негови другари на педалинка која се превртела. Двајцата успеале да се извлечат од под подалинката, но 16-годишникот не успеал да исплива на површината.

Езерото го пребаруваат нуркачи, а попладнево се приклучи и специјална единица на МВР.

Претходна вестДосега 500 лица починаа од коронавирус во Македонија
Следна вестНекој дозволил младите на плажа да пушат од исто наргиле, да се возат одвај стоечки во автобус, базените да се преполнуваат…