Се сеќавате ли со колку помпа се формира Специјалното јавно обвинителство со цел да гони криминал и неправилности во Македонија? Обвинителите тргнаа тоа да го работат, ама еве сега излегува на виделина дека имало при тоа кај нив расипничкото трошење на народните парите. Дел од финансиското работење во обвинителството доби и квалификација дека било незаконско од страна на Државниот завод за ревизија.
За цели 4,6 милиони евра ревизорите кои ја чешлале документацијата утврдиле дека биле незаконски исплатени. Конкретно, незаконска била исплатата на недоместоците за почитување на принципот на тајност бидејќи точноста на пресметката, евидентирањето и исплатата не биле во согласност, во сите материјални аспекти, со релевантната законска регулатива и интерните акти.
Сега само по себе се наметнува прашањето што по ваквата констатација на ревизорите? Кој орган треба да покрене постапка за да се утврди нечија конкретна одговорност зошто скоро пет милиони евра биле незаконски делени? Уште поважно е прашањето, ќе се бара ли нашин парите да се вратат назад? Ако веќе е утврдено дека имало незаконска исплата, она што е незаконско земено треба и да се врати. Само на таков начин оние кои не сакаат и на нив да се однесува девалвирањето на СЈО кое го направи шефицата Катица Јанева, ќе докажат дека држат до идеалот на правдата и на почитувањето на законитоста.