Се вклучи аларм во Контрола на летaње, авион во Македонија пријавил технички проблем

Центарот за управување со кризи извести дека од Контрола на летање утрово е пријавен настан за вклучен аларм во контрола на летање на авион што има технички проблем. Од Дирекцијата за заштита утврдиле дека се работи за нивен ,,ер-трактор” кој јавувал грешка во системот“, велат од ЦУК.

– По остварените контакти со Контрола на летање првично не можеше да се утврди локација на авион и се претпоставуваше дека се работи за ,,ер-трактор”, еден од авионите за гаснснење пожар на Дирекцијата за заштита и спасување. Од ЦУК се известени Дирекцијата за заштита и спасување каде што истите беа на местото на настанот и утврдиле дека се работи за нивен ,,ер-трактор” кој јавувал грешка во системот, се вели во соопштението од ЦУК.

Од страна на ДЗС е направен рестарт на системот и ситуацијата е нормализирана без никакви проблеми, велат од ЦУК, па додаваат дека истата информација е потврдена и од Контрола на летање.

Претходна вестПрво прашање за уставната дебата: Сака ли ЕУ воопшто нови членки?
Следна вестМетеоролог од Србија: На Балканот му се заканува снежната бура што ги зафати САД и Британија