Се забил директно во столб со велосипед и завршил во болница

Со тешки телесни повреди однесен директно на Клиника откако удрил со велосипед во бетонски столб – ова е епилогот од несреќата што се случила вчера попладне, во која настрадал 63-годишен велосипедист.
-Вчера во 16:30 часот на велосипедската патека од улица „534“ во село Марино, скопско, 63-годишниот Р.М. од истото село управувајќи велосипед, удрил во бетонски столб и паднал. Завршил со тешки телесни повреди и итно бил пренесен во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ – Скопје, велат од МВР.
Што претходело на ударот и како човекот завршил во столбот за сега не се знае.