Се заборави ли на извештајот за сообраќајката во која учествуваше заменик министерот за култура?

И по цели 42 дена од сообраќајката во центарот на градот во која еден од учениците беше актуелниот заменик-министер за култура Владимир Лазовски не се знае кој е одговорен за сударот во кој беше повреден мотоциклист. Јавноста се уште чека на полициски извештај кој треба да посочи кој е виновен за непочитување на сообраќајните правила и прописи – заменик-министерот или мотоциклистот. Овој судир меѓу службеното возило и моторот, познато е, предизвика големо внимание во скопската јавност. Посебно и од причина што Лазовски веднаш по несреќата соопшти дека „ќе сноси одговорност доколку се утврди неговата вина“.

А дали имало негова вина треба да покаже полициска анализа. Полицијата тогаш направи увид, состави записник, ги собра сите потребни податоци и информации за несреќата која што се случи на крстосницата кај македонскиот парламент. Јасно е дека полицијата во расчистувањето на одговорноста за сообраќајните несреќи мора да биде максимално внимателна со цел да се утврди вистината. Тоа некогаш бара и повеќе време, но во случаите кога во тоа е вклучен некој државен функционер, мора да се постапува и побрзо.
Изминатиот месец и пол не се малку време да се каже кој е одговорен за насреќата. До кога јавноста ќе чека на тоа?