Се заканувал со нож и украл пари од обложувачница

Синоќа, во 21.40 часот, во гостиварски Градец, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, го лишиле од слобода 29-годишниот Б. Х. од ова село.
Тој се сомничи дека околу 20 часот во спортска обложувачница во селото со закана со остар предмет одзел пари од вработените и оштетил дел од инвентарот во објектот.

Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува поднесок.

Претходна вестТурски државјанин со автомобил удрил во полицаец во Штип
Следна вестСе укинуваат сите ковид-мерки, во аптека и во автобус без маска