Темен режим Режим на светлина

Се запали глисер на Охридско Езеро кај Градиште, нема повредени

Инцидентот во кој се запали глисер се случил вчера попладне на Охридското Езеро. Од засега непознати причини глисер во кој имало повеќе лица се запалил во водите на Охридското Езеро во близина на Градиште, на околу стотина метри од брегот.

Случајот го потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Тој истакна дека на местото на настанот веднаш се упатила екипа на Езерската полиција и пожарникари, но во меѓувреме пожарот бил изгаснат со помош на друг пловен објект, така што немало потреба од дополнителна интервенција.

-Во инцидентот нема повредени лица, информира портпаролот Димоски.

Фото: Илустрација

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Расте бројот на абортуси, најмладата пациентка имала само 13 години

Следна објава

Активни три пожари, еден е под контрола, а 19 се изгаснати