Темен режим Режим на светлина

Седмото издание на „Скопје синема сити“ се отвора на 19 септември

На 19 септември се отвора филмскиот фестивал „Скопје синема сити“, во отворениот простор на Кинотека на Македонија.

За првиот ден се резервирани документарните филмови за Брајан Ино, „Имагинарни пејсажи“ и „Џон се обидуваше да контактира со вонземјани“, како и „Приказни од искршениот џубокс“ за музичарот и поет Том Вејтс.

Вториот ден ќе се прикажат филмовите „Гранд Хотел Барбес“ и „System K.“ Настанот е организиран во соработка со Францускиот културен центар и ќе биде реализиран според актуелните здравствени протоколи кои се одобрени од Министерството за здравство за организација на јавни настани на отворено.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Времето денес — мирно претпладне, пориви на ветерот попладне долж Повардарието

Времето денес ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер

Следна објава

Само средношколците од Тетово и Гостивар со онлајн настава, другите со физичко присуство