Седнат на престол, со круна на главата Лазаров се прости од навивачите на Нант

Седнат на престол, со круна на главата -така најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кире Лазаров беше поздравен од клупот и навивачите на Нант. Вшера вешер Лазаров го имаше последниот настап пред своја публика, затоа Французите му приредија кралско испраќање.
Навивачите со долготраен аплауз му покажаа на Лазаров дека се свесни оти во редовите на својот клуб го имале кралот. Во таа чест и навивачите носеа круни. Соиграчите му направија шпалир, а на крајот и го кренаа на раце.
Инаку, таа вечер Нант го победи Тулуз со 32-18, а Лазаров даде три гола. Еден од најдобрите светски ракометари на сите времиња има уште еден натпревар до пензија, тоа е мечот од финалето на Купот на Франција кој го играат против ПСЖ.
Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните плаќаат поскапи горива, затоа што СДСМ и ДУИ не го прифатија законот
Следна вестЗавршува учебната година полна со импровизации, како ќе биде од септември?