Седум починати за 24 часа од ковид, 460 нови заразени

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа регистрирани се седум починати лица како последица на ковид: три од Скопје (63г, 67г и 83г), две од Битола ( 66г и 83г), и по  едно починато лице од Куманово (79г), и Берово (69г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, се пријавени пет починати лица со датум на смрт од 02.10.2021 до 27.11.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Битола (1), Велес(1) и Прилеп (1). Починатите лица се на возраст од 70г до 88г. Сите пријавени лица се починати во домашни услови.

Направени се 2.424 тестирања, а регистрирани се 460 нови случаи на ковид-19:

Скопје – 185, Прилеп – 54, Битола – 45,Кавадарци -28, Берово – 20, Куманово – 15,Гевгелија – 11, Велес – 10, Тетово, Охрид, Радовиш и Делчево – по 9, Кочани и Крива Паланка – по 7, Кратово – 5,  Неготино и Валандово – по 4, Струга, Виница и Македонски Брод – по 3, Струмица , Ресен, Крушево, Македонска Каменица , Пехчево и Дојран – по 2, Гостивар, Штип, Кичево, Свети Николе, Дебар, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 215.585, бројот на оздравени пациенти е 200.003, на починати е 7.581, а бројот на активни случаи изнесува 8.001, од кои 3.797 во Скопје.

Претходна вестНевиден ужас: Мајката ги продавала трите малолетни ќерки за сексуални услуги, таткото силувал една од нив
Следна вестБугарски експерти: „Струма“ не ги исполнува стандардите за автопат, но причина за жртвите е пожарот