Седуммина чешки планинари се изгубиле на Шар Планина – успешна акција за спасување

Група планинари од Чешка вчера вечер се спасени од Шар Планина. Тие залутале, а околу 18 и 30 часот се јавиле во Регионалниот центар за управување со кризи за помош.

-РЦУК, Тетово, во 18:30 часот, на повик од чешки планинар на Шар Планина во реонот на месноста Лешница, организираше и кординираше акција за спасување на повреден планинар, а и за пронаоѓање на целата група планинари (околу седум планинари) од Чешка којашто се имаше изгубено во природата на планината. Целата комуникација, сè до нивното пронаоѓање и згрижување на повредениот, со скршеница на рака, се остваруваше до 20.25 часот, соопшти Центарот за управување со кризи.

Веднаш по повикот, пожарникарите на Територијалната противпожарна единица ТППЕ Тетово и полицајците на СВР Тетотво тргнале да ги бараaт планинарите на непристапниот дел од планинскот регион, а возилото од Брзата помош од Тетово се доближило на можната најблиска точка за средба за да се згрижи повредениот планинар.

Претходна вестОд септември или октомври можни се некакви рестрикции за невацинираните, најави Филипче
Следна вестПродолжен викенд за 2 август