Сега и советниците на СДСМ бараат Градот Скопје времено да ја отстапи Универзална сала на Владата

Иницијатива Градот Скопје времено да ја остапи Универзална сала на македонската Влада денеска поднесе советничката групана СДСМ во Совето на Град Скопје. Барањето е доставено до претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески го доставија барањето за дополнување на дневниот ред за 26 седница на Советот.

-Реконструкцијата на Универзална сала повеќе од една година стои во место, откако градоначалничката Данела Арсовска реши овој проект да не продолжи. За реконструкцијата на овој важен објект за Скопје, но и за целата држава, обезбедени се средства во износ од 120 милиони денари од Владата, од кои искористени се само околу 40 милиони, што значи дека за овој проект на располагање се уште 80 милиони денари. Ако веќе Арсовска не сака и не може да ја доврши реконструкцијата, Владата која е и финансиер на овој проект, има и волја и можност тоа да го стори, рече Љубица Јанчева координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје.

Претходно, и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска соопшти дека се уште чекаат на одговор на скопската градоначалничка Данела Арсовска околу временото отстапување на Универзална сала. Таа, заедно со министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, имала средба со Арсовска по која Градот Скопје соопшти дека се договориле дека во следните денови ќе се изнајде заедничко прифатливо решение за да продолжи изградбата во интерес на граѓаните за што од Министерството треба да добијат писмено барање по што потоа ќе се изјаснат.

Претходна вестOд ноќеска на полноќ поскапуваат горивата
Следна вестНајскапиот лимон се одгледува во Албанија