Сега ќе и тргне на Македонија: Го изгласаа „развојниот Буџет“

По многу расправа, објаснувања, негирања, ветувања… македонските пратеници го изгласаа Дополнителниот буџет за 2023 година. 56 гласови беа „за“, 30 „воздржани“ и еден „против“.

За министерот Фатмир Бесими, Буџетот бил реален и развоен. За опозицијата, пак, Буџетот е преобемен и инфлаторен и оти со него ќе се зголеми дефицитот и јавниот долг.

Кој е во право? Ќе донесе ли овој најголем буџет до сега, раководен од овие власти, развој на Македонија како што се ветува?

Одговорот ќе се види наскоро. Искуството кажува дека и при носењата на претходните буџети, со години, се најавуваше дека се историски, дека ќе донесат развој, дека ќе има поголеми капитални инвестиции, дека…

Но, сепак, од каде да знаеме, може баш во 2023 година ќе биде различно, може ќе и тргне на Македонија. 

Претходна вестАлијанса за Албанците избира претседател, Таравари е единствениот кандидат
Следна вестИ на Артан Груби му пречи корупцијата и селективната правда