На секој четврти барател од Македонија лани му било одбиено барањето да добие виза за влес во САД. Ова го покажуваат статистичките податоци од американскиот Стејт департмент во кои е наведено дека 26,29 отсо од барањата за виза за САД од апликанти од Македонија биле одбиени во текот на 2022 година.
Во официјалниот документ се наведува дека речиси 20 отсто барања за виза за САД биле одбиени од Босна и Херцеговина, 5,56 проценти од Хрватска, 13, 47 отсто од Словенија, 19,45 проценти од Србија, 17, 93 отсто од Косово, 27,55 проценти од Албанија и 34 отсто од Црна Гора.
На објавениот список има и земји со нула проценти односно на оние на кои не им било одбиено ниту едно барање или дури не побарале виза. Тоа се Андора, Сан Марино, Северна Кореја, Монако и Маршалските Острови.
Единствената земја на која се одбиени сите барања за американска виза е Микронезија со 100 проценти, а потоа следи Мавританија со 89 отсто.
Меѓу земјите со висок процент на одбиени визи се Сенегал со 66 проценти, Авганистан 52 отсто, Канада 58 отсто, Чад 69 отсто, Куба 56 отсто, Џибути 74 отсто, Науру 66 отсто, Гвинеја Бисао 61 отсто, Иран 54 отсто, Руанда 62 отсто, Јемен 56 отсто.