Секој четврти болен од корона вирусот во Скопје е од Чаир, Гази Баба и Аеродром

Од скопските општини Чаир, Гази Баба и Аеродром потекнува секој четврти болен од корона вирусот на скопското подрачје, покажуваат податоците на Министерството за здравство. На подрачјето на градот има вкупно 949 активно болни, а само во овие три општини вкупно 372 пациенти: во Чаир 133, Гази Баба 121 и Аеродром – 118.

Во Карпош има – 91, Центар – 88, Кисела Вода – 89, Бутел – 71, Ѓорче Петров – 66, Шуто Оризари – 47 и Сарај  – 26.

На подрачјето на Студеничани има 30 заболени, Арачиново – 19, Илинден – 12, Сопиште  11, Чучер Сандево – 7, Петровец – 7, Зелениково – 6, Странец – 4 и Нераспределен – 3.

Претходна вестТројца починати, 118 новозаразени и 127 оздравени од корона вирусот
Следна вестУтре нови протести против поскапувањето на струјата, најавена блокада на две раскрсници во Скопје