Секој петти стан во Скопје е под хипотека, во другите градови тоа е поретко

Од вкупно 321.430 станови кои што се запишани во евиденцијата на Агенцијата за катастар на недвижности дури 69.668 се ставени под хипотека, покажуваат најновите податоци од Регистерот на цени и закупнини што го води оваа институција. Од објавените податоци кои се однесуваат на периодот од април до јуни годинава произлегува дека секој петти стан во градот е ставен под хипотека, односно 21.67 процент. Замањето на кредити од финансиските институции е најчеста причина зошто скопјаните ги стават под залог становите кои се во нивна сопственост.

И последните, јунските, податоци на Народна банка покажуваат дека се повеќе граѓани се решаваат да земат станбени кредити. Овие кредити во јуни доживеа пораст од 1,4 проценти на месечно ниво и 13,8 отсто на годишно ниво.

Во другите македонски градови становите поретко се ставаат под хипотека. Во Битола, на пример, само 13, 19 отсто од становите се под хипотека а во Охрид 10,01 процент.

Инаку, катастарските податоци покажуваат дека заклучно со јуни, на целата територија на државата има 6.436 станови кои се изградени, а сè уште не се продадени и се нудат на пазарот на недвижности. За разлика од минатиот квартал, во овој квартал има зголемување на непродадените станови за 4 станови.

-Во Агенцијата за катастар на недвижности се издадени 12.902 листови за предбележување на градба што укажува дека овие објекти се во фаза на градба и наскоро ќе се најдат на пазарот на недвижности. Може да се констатира дека бројот на новоградби моментално ја задоволува побарувачката на нови станови, се наведува во инфорамцијата.

Претходна вестКонтролирана е водата на 39 места во Скопје, добра е за пиење
Следна вестСтокмена му е кривична пријава, имал килограм кокаин меѓу бананите