Секоја недела во 12 детски претстави на МТВ

Од утре, недела, во 12 часот Театарот за деца и младинци во соработка со Националниот сервис МРТВ, ќе прикажува дел од претставите од репертоарот.

-На овој начин сакаме да придонесеме во дружeњето со нашата верна публика, додека седиме дома, а воедно да го означиме и нашиот 30. јубилеен роденден (25 март 2020)“, се вели во соопштението на Театарот за деца и младинци.

Прва на театарско-телевизискиот репертоар е претставата „Убавицата и ѕверот” во режија на Димитар Христов.