Секојдневна црна бројка: 9 повредени во сообраќајни несреќи изминатите 24 часа

Трендот на црни биланси за сообраќајните несреќи за 24 часа стана и повеќе од секојдневие, односно вообичаен живот. Изминатите 24 ласа девет лица се здобиле со лесни телесни повреди во шест од вкупно десет сообраќајни незгоди на територијата на Град Скопје. Во останатите е регистрирана само материјална штета.
Сепак, според податоците на СВР Скопје, може да се забележи значително помала бројка на санкционирани возачи заради дејство на алкохол, односно само тројца. Казнети се и деветмина пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца почетници.
-За непрописно паркирање се издадени 75 казни, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 60 возила, информираат од СВР.