Секојдневна вест: двајца каснати од кучиња скитници

Повторно има напад на кучиња скитници врз случајни минувачи во Скопје. Имено, вчера во 10.15 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, лицето М.Л.(57) од Скопје пријавило дека на ул.„Борис Сарафов“ била касната од куче скитник во пределот на десната потколеница.

Истиот ден вечерта во 22.45 часот во Полициската станица Аеродром, лицето Д.А.(45) од Скопје пријавил дека на улица „Владимир Комаров“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.

За жал, ваквите вести се секојдневни. Недостигаат вести дека институциите го решаваат проблемот.