Селекторот Савевски го скрати списокот на ракометарки за баражот против Украина

Селекторот на женската ракометната репрезентација на Македонија, Љубомир Савевски, го скрати списокот на ракометарки за бараж двомечот против репрезентацијата на Украина за пласман на Светското првенство 2023 година.

Првиот натпревар против Украина ќе се игра на 8. април на домашен терен, додека реваншот на неутрален терен во Унгарија е закажан за 11. април.

Во националниот тим на Македонија се враќаат десниот бек Елена Ѓорѓиевска и пивотот Ивана Гакидова.

Собирот на ракометарките ќе биде в понеделник на 3. април во 12.30 часот.

Претходна вестНов земјотрес во Штип и околината
Следна вестИсчезнати две тинејџерки од Скопје, полицијата трага по нив